Штајнакер: ЕУ да се бори против корумпираните политички елити на Балканот

Време е да признаеме дека нео-либералната трансформација на Балканот претрпе неуспех затоа што таму после падот на комунизмот се создадоа мафијашки држави со хибридни демокаратии. Вакво признание доаѓа од германскиот дипломат, Гудрун Штајнакер, која долги години служеше во балканскиот како германски амбасадор во Северна Македонија и Црна Гора.

„ЕУ треба под итно и длабоко да ја преиспита нејзината политика кон Балканот. Нова „методологија“ нема да донесе никаков бенифит. ЕУ треба да им го покаже местото на корумприните елити во политиката и во бизнисот и треба да се бори против нив. И да ги соочи лично со нивната одговорност. Ова е можно само во соработка со слабото цивилно општество, но кое е многуслојна и жива“, пишува Штајнакер за Дојче Веле.

Таа смета дека додека младите со соочуваат со изборот да се прилагодат на криминалниот амбиент или да ја напуштат земјата, нема да биде можно да се спречи миграцијата на образованите луѓе.

„Брисел, Берлин и Париз дефинитивно треба да покажат храброст и да зборат отворено со балканските елити. Но ова значи дека треба да се признават и сопствените грешки и да се борат против нив“, вели германскиот дипломат.

Во врска со состојбата во Македонија, Штајнакер вели дека после изборите речиси е неможно да се формира нова влада. Според неа, додека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева заврши во затвор, поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Сашко Мијалков стана еден од најбогатите бзинисмени во земјата и слободно се шета во Скопје, а поранешниот премиер, Никола Груевски, ужива во неговото богатство во Будимпешта.

Р.Д.  

Total
0
Shares
Поврзани објави