ШТИПСКИОТ ЦЕНТАР НА КУЛТУРА „АЦО ШОПОВ“ СО ГОДИНИ НЕМА ГРЕЕЊЕ ОТИ СЕ УКРАДЕНИ СИТЕ 50 РАДИЈАТОРИ

Центарот на културата „Ацо Шопов“ во Штип со години нема греење затоа што се украдени радијаторите, вели еден од вработените во Центарот, драматургот Трајче Кацаров, за порталот SDK.MK. Тој ни рече  дека вработените со години бараат решение, но дека надлежните служби се глуви на сите нивни пријави.

„Центарот за култура нема затоплување со години затоа што сите радијатори преку ноќ или за кратко време едноставно ги снемало. Останаа само цевките, а над 50 радијатори изчезнаа како да се однесени некаде за старо железо. И покрај пријавите, никој досега нема одговор каде завршиле радијаторите и кои се сторителите“, вели Кацаров.

Според него, вработените во Центарот и оваа зима ќе ја поминат во студени канцеларии затоа што и електрични затоплувачи не можеле да користат. Работното време им поминува во канцелариите и драмските сали во дебели зимски облеки, а дел од вработените веќе биле разболени.

текстот е сопственост и продолжува на SDK.MK

Total
0
Shares
Поврзани објави