Силен ветер и снег – на Стража заглавени камиони , Скопје пред нова бура

Поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

Пред да биде прогласена забраната, на Стража беа заглавени камиони.

Во Скопје веќе дува силен ветер а на повисоките места паѓа снег кој од ветрот веднаш замрзнува. Надлежните апелираат да не се паркираат возилата под дрвја бандери и опасни места , а и пешаците да се приберат дома бидејќи следува невреме со ветришта до 70 километри на час.

фото Курир.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави