Силјановска: Во сиромашна земја е луксуз Собранието да има пет потпретседатели

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова смета дека луксуз е во Македонија да се има пет потпретседатели во Собранието.

Силанјановска Давкова тврди дека според организацијата и функционирањето на Собранието се утврдуваат со Уставот и со Деловникот

Таа истакна дека единствено што е задолжително според Уставот е еден од потпретседателите треба да биде од редот на најголема опозициона партија.

 „И затоа јас значи исто така мислам дека не мора да избереме пет потпретседатели. Тоа не е кршење на законот, туку е спроведување на членот 21 став 2“, нагласи Силјановска Давкова.

Total
0
Shares
Поврзани објави