Син уби татко кај Клинички

Сношти во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје се случило убиство. Според извори на „А1он“, син, во семејна расправија со нож го прободел својот 55-годишен татко кој почнал да крвари.

Тие, според полициски извори, живееле блиску до Клиничкиот центар.

Таткото собрал сили и се упатил кон Клиниката за да побара помош, но не стигнал да ја добие. Според нашите извори, тој искрварел по пат и додека дошле медицинските екипи веќе бил починат, објави А1он.

Total
0
Shares
Поврзани објави