Синот на Горан Стефановски на ФБ се прости од татко му

Синот на драматургот Горан Стефановски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, по смртта на неговиот татко напиша:

-Сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча, до каде му е дадено да стаса – Конзервирани импресии.

Веста за смртта на драмскиот писател синоќа ја потресе македонската јавност. Со негови цитати, зборови за утеха и пораки со сочувство, Македонија се простува со еден од своите најпознати драмски автори. Горан Стефановски почина на 66 годишна возраст во близина на Лондон.

Зад себе ја остави сопругата Патриша, со која се родители на синот Игор и ќерката Јана. Семејството се уште нема излезено во јавност со детали околу тоа кога и каде ќе биде погребан великанот на пишаниот збор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бранко Црвенковски: „Македонија е корумпирана држава, нема еднaквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството”

Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски денеска од говорницата во МАНУ презентираше анализа за состојбите во државата во…