Сите сме во оваа битка, секој од нас е важен почитувајте ги мерките, порача Филипче

Здравствениот систем во овој момент е целосно прилагоден на новата состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче и повторно побара помош од граѓаните со тоа што целосно ќе ги почитуваат мерките за заштита.
„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме и оваа состојба. “ рече Филипче.
Тој рече дека многупати досега ја упатил пораката дека одржувањето дистанца, хигиена и дезинфекција на рацете се универзални мерки насекаде во светот.
„Тоа е единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и секако здравствените работници и здравствениот систем во целост“, рече Филипче.
Тој рече дека кога постепено се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно секој да даде свој придонес во спречување на ширењето на вирусот.
„Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, рече Филипче

Total
0
Shares
Поврзани објави