СЈО: Нова истрага за Груевски за перње пари за “Актор”

СЈО отвора истрага наречена “Актор” за изградба на патната делница Демир Капија – Смоквица. Во случајот осомничени се Никола Груевски како поранешен премиер и Миле Јанакиески како поранешен министер и други лица. Осомничените се договориле да го фаворизираат грчкиот Актор за изградба на делницата и му овозмозиле заработка од над 7 милиони евра. Според СЈО Груевски побарал да не помине понудата на италијанска фирма оти биле блиски со комуњарите. Потоа биле викнати членовите на комисијата за да го фавориризират “Aктор”.
Но тука не застанала процедурата на како што открива СЈО перење пари. Од 2012 до 2016 по добивање на тендерот и почнување на градежните работи за да ја скрие добивката од незаконскиот тендер, била формирана група луѓе за перење пари. Шестмина од групата пуштиле во промет пари кои знаеле дека се од кривично дело. Направиле Договор за подизведувачки работи со други фирми за пренос на пари кон други фирми, и тоа над 31 милиони евра. Потоа на вработените им биле давани договори и пари во енормни суми и тоа на 10 лица им биле исплатени над милион евра. Парите веднаш по исплатата биле подигнати во готовина и ги давале на една од осомничените во предметот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во охридско

Земјотрес утрово е регистриран со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница. Според податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот…