СКАНДАЛ: Болницата 8ми Септември не прима пациенти со приоритетен упат

Денеска се случува вистински хаос во болниците и кај матичните лекари. Болницата ГОБ 8 ми Септември со уредно отпечатени приоритетни упати од матичните лекари пациентите ги враќаат бидејќи докторите од таму поради револт не ги примаат. Револтот на докторите е поради големата гужва. Во оваа болница се прави гружва бидејќи со овој начин на закажување прегледи матичните може да издаваат упати само за оваа болница, но не и за на Клиника , на пример за Кардиологија , Пулмологија клиники за каде и има најмногу и најитни пациенти.
Консултиран е “мој термин” каде на лекарите им е објаснето дека тој проблем со приоритетни упати треба да се реши со Министерство за здравство.
По денешниот хаос се поставува прашањето како пациентите да се прегледаат кога за некои специјалности нема со месеци термин, а денешниот го изгубиле.

Total
0
Shares
Поврзани објави