Скандал во битолската болница: Царски рез извршил невработен гинеколог -лекар без лиценца

Двајца гинеколози се суспендирани во Клиничката болница во Битола. Едниот од нив е Гоце Чакаровски поранешен заменик министер за здравство и до скоро советник во кабинетот на премиерот Заев.

Според информации од болницата гинеколозите се суспендирани поради тоа што дозволиле на операција со царски рез да учествува сопругата на вториот гинеколог која не е вработена во болницата, а е државјанин на соседна Србија, а немала ниту лиценца за работа. 

Доцна попладнево од СВР Битола потврдија дека е покрената кривична пријава за три лица, двајцата гинеколози и сопругата на вториот, помладиот гинеколог. 

Пријавите се поднесени за кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување, Фалсификување службена исправа “  „Надрилекарство“  и “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

„Двајцата гинеколози пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената без соодветна лиценца за работа од Лекарска комора  да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

По завршувањето на интервенцијата,  првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник  отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година“, се вели во соопштението.

Скандалот избил кога се дознало дека помладиот гинеколог ја донел сопругата во родилната сала и дозволил да го врши породувањето со царски рез. Случајот веднаш бил пријавен во полиција од еден од вработените на одделот за гинекологија.

Чакаровски за медиумите потврди дека е суспендиран од работа. 

„Да, точно е, суспендиран сум но не чувствувам вина. Во тек е дисциплинска постапка, не можам да коментирам повеќе“, изјави за ТВ 24 Чакаровски.

Дознаваме, дека породувањето со царскиот рез поминало добро, но случајот во кој невработен лекар од надвор влегол во родилната сала и оперирал,  ја стресе болницата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора, која беше најдолго на кралскиот трон во британската историја, почина на 96 години, соопштија од Бакингемската Палата.…