Скапана барака во Ѓорче-амбуланта за 3000 пациенти повеќето деца

Исчкртани ѕидови, нема прозорци, со оштетен плафон и под. Во ваква состојба е амбулантата во Ѓорче Петров. Над 3 илјади пациенти, главно деца, се лекуваат во оваа амбуланта. Еден од нив е и Аднан Зеќири. Тој ја донел осумгодишната ќерка, Емине, на преглед. Тие се од село Крушопек, општина Сарај, објавува Телевизија 21.

-Не сме задоволни од условите, не преземаат иницијатива за да ги реновираат овие бараки. Уште малку ќе се урнат. Но што да правиме, мораме да ги носиме децата овде, немаме каде да ги однесеме. Јас имам четири деца и ги носам овде. Рекоа дека ќе ги реновираат но се уште нема информации.-вели Аднан Зеќири.

Амбулантата е изградена за привремена употреба, по земјотресот во 1963 година. Од тогаш во овој здравствен дом не е инвестирано.

-Многу е стар објектот. Има 80 години. Изградени се во времето на комунизмот. Овде одиме на преглед.-вели граѓанин.

Овој здравствен дом е даден под концесија, но според лекарите одржувањето треба да го направи Министерството за здравство. Верица Манчевска, која е педијатар 35 години во оваа амбуланта, вели дека веќе 15 години амбулантата не е бојадисана. Таа додаде дека има и недостиг не педијатри.

-Погледнете ги ходниците. Таму нема клима. Таму нема ништо. И да кажеме дека јас не знам што му е на пациентот. И некој пати кога ќе треба да го испратам на дополнителни скрининзи и испитувања, нема термини. А кога ќе има термини кога детска клиника остана без лекари, кога сите се разбегаа. За да се поправи ова нема зошто да се залажуваме дека тоа е директорот е крив дека е министерот крив, дека е премиерот крив, парите и неразрешените имотни правни односи каде што е зградата сместена-вели Манчевска.

Општина Ѓорче Петров и Министерството за здравство промовираа проект за изградба на нова амбуланта, која ќе биде готова во 2021 година, но се уште не се почнати градежните работи. Додека се најде решение, 3 илјади пациенти на амбулантата во Ѓорче Петров, и понатаму ќе се прегледуваат во мизерни услов.

соријата и видеото се сопственост на tv.21.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави