Скопјанец со сила принуден да препише Масерати на друго лице поради наводен долг

Јавен обвинител покренал истражна постапка против пет лица од Скопје поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривичлно дело грабнување.

Осмничените на возрасот меѓу 36 и 27 години, заедно и со претходен договор ограбиле едно лице кого го присилиле да го префрли на еден од осомничените сопствениот автомобил Масерати.  

Тие на осми септември околу 22 ласот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатна рампа кај Глумово, му го пресекле патот на жртвата и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци. Со сила го внеле во неговиот автомобил и го однеле во автоплац на еден од првоосомничениот во Кондово.

Таму продолжиле физички да го малтретират со тупаници, клоци и каиш и потпа го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го принудиле да го препише возилото на еден од првоосомничените поади наводен долг од 20 илјади евра.

Двајцата од осомничените се притворени и се бара мерка притвор по сите основи, поради опасност од бегство, можност да влијат врз сведоците како и можност да го повторат делото.

По останатите тројца осомничени се трага и по лишување од слобода обвинител и судија на претходна постапка ќе одлучуваат за начинот на обезбедување на нивното присуство во текот на постапката.  

Total
0
Shares
Поврзани објави