Скопјанец заклучил италијанка во стан во Охрид

Вчера во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија.

Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид.

За настанот е запознат јавен обвинител, а судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави