Скопје пак е меѓу првите 10 најзагадени градови во светот

Четири од десет најзагадени градови во светот се од балканскиот регион. Најзагаден град во Балканот е Белград, кој се ноаѓа на второ место веднаш под индискиот главен град Делхи.

Приштина, главниот град на Косово, е на шесто место, зад индиски, кинески и пакистански градови, а Скопје се ноаѓа на осмо место.

Помалку загадени од Скопје се Сарајево  и главниот кинескиот главен град Пекинг.

Скопјани деновиве почнаа да го чувствуваат зимското загадување, а поплаки стигнуваат и од охриѓани.

Total
0
Shares
Поврзани објави