Скопје води со најмногу заразени со ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови заразени граѓани со ковид-19.

Најмногу инфицирани има во Скопје, 546, Прилеп, 83, Гостивар 48, во Куманово 38,  Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кичево 28,Кавадарци-18.

Сите останатите градови во земјата имаат помалку од 20 новозарзени по град, во Гевгелија има 14, а само еден заразен има во Кратово.  

Изминатите 24 часа во земјата од коронавирусот починале 15 лица, и тоа шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), по еден пациент од Скопје (73г), Дебар (60г), Велес (71г),  Битола (64г), Кавадарци (66г), Демир Хисар (84г),  Свети Николе (56г), Кичево (55г) и Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.

Total
0
Shares
Поврзани објави