Скопски инспекторат се фали дека енергично расчистува со диви препродавачи на Бит пазар

Инспекторатот на град Скопје утврово се пофали дека енергично со асистенција на полицијата растерале диви препродавачи од пред Поликлиниката на Бит пазар.

На фан страната на Инспекторатот на Фејсбук соопштено е дека во акцијата утрово на Битпазар, пред поликлиниката затекнале поголема група на продавачи на тротоарот и велопатеката.

„Со енергична акција на Комуналните Инспектори од нашиот Испекторат и асистенција од Полицијата за кусо време успеавме да го расчистиме тој простор од дивите препродавачи на храна“, се фали Инспекторатот.

Скопјани со негодување ја коментираат акцијата на скопскиот инспекторат.

„Остајте некој денар и овие луѓе да однесат дома. Не се од убавини тука застанти“, коментира еден од граѓаните.

Друг саркастично ги бодри инспекторите нарекувајчи ги јунаци како избркале селани од Скопска Црна Гора што продават мали количини земјоделски производи за да однесат дома некој денар за да го поминат денот.

„Многу сте енергични за обичниот сиромав човек што не може да извади пари за тезгата, а за прекупците и надкупците сте глуви и слепи“, пишува тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави