Скопските градоначалници и Комисијата за заразни болести заедно во справување со вирусот

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, на кој треба да се разговара за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

Нема информации како ќе се одржи состанокот и во кој формат, со оглед на тоа што тројца градоначалници од главниот град, меѓу кои и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, се позитивни на коронавирусот.

Меѓу заразените се и Висар Ганиу и Борис Георгиевски, градоначалниците на Чаир и на Гази Баба, општини кои се на врвот на листата според бројките на ковид-позитивни во главниот град.

Total
0
Shares
Поврзани објави