Словенија : Македонија одиграа реми

Македонија денес го одигра првиот тест на домашен терен пред Европското првенство и беше на чекор до победа, но Словенија во последната секунда постигна гол и се спаси (1:1).

Македонската репрезентација одигра одличен натпревар на кој се истакна тимската игра и хемија, нешто што е многу потребно за нашите настапи на Европското првенство.

Македонија во 55. минута го отвори резултатот, откако Елмас постигна еден ефектен гол со волеј и стресе мрежата на Белек. Кога сите чекаа судијата од Косово да означи крај на натпреварот, Словенците дојдоа до реми преку Црнигој кој ја стресе мрежата на Димитриевски за конечни 1:1.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Во август поскапува струјата?

Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторна и побарале поскапување на струјата, па сега таа треба да…