Случајот Сопот затворен : СЈО вели нема докази , но истрагата ќе продолжи

СЈО се откажа од обвинението за случајот „Сопот“ оти нема докази. Според обвинителот Бурим Рустеми единствениот доказ на кој се заснова пресудата е сведочењето на Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила. Рустеми тврди дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите. СЈО продолжува со предистражната постапка и има своја теорија за настанот, потврди обвинителката Катица јанева.

„Припадници на УБК вршеле психичка и физичка тортура, при што бил незаконски приведен и тепан во објект во Банско, Струмица. Сведокот добил закани дека ќе биде лишен од животот и бил принуден од припадници на УБК да напише изнудена изјава врз која се базира пресудата“, рече обвинителот на СЈО, Рустеми.

Во предметот 10 лица беа осудени за кривично дело тероризам. Во една од бомабите на СДСМ има и разговор во која поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и тогашниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“ во кој двајцата разговараат дека пресудата со која беа осудени обвинетите се потпира на тенки докази.
Случајот Сопот се врати во судска процедура по одлука на собраниска комисија која утврди дека целиот случај се заснова само на една изјава на сведок кој тврди дик била изнудена. Осудените се жители на кумановското село Сопот и одговараа за подметнивање мина под возило на НАТО при што загинаа двајца војници и еден македонски државјанин.
Доколку се докаже дека осудените и притворените биле невини се отвора можност тие да ја тужат државата и да бараат обештетување за тоа што неправедно биле во затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави