Смилов: Бугарија работи против себе со блокирањето на Македонија

Бугарија е на пат да направи стратешка грешка во својата надворешна политика. Со блокирање на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, Бугарија всушност работи против самата себе, пишува Даниел Смилов од Центарот за либерални стратегии во Софија, кој го пренесува Дојче веле.

Смилов смета дека Софија ги забавува интеграцијата и поврзувањето на регионот неопходни за сопствениот просперитет, го поддржува антибугарското расположение во соседната земја и паѓа во меѓународна изолација поради нејзината неразбирлива позиција.

„Наместо принципиелна надворешна политика, Бугарија ги претвора своите романтични толкувања на сопствената историја во мерило на нејзините односи со остатокот од светот. Тоа може да биде популарен став во земјата, но не е работен модел за водење надворешна политика со суверени и рамноправни држави.

Тој тврди дека мора да постои одредена дистинкција помеѓу политиката и историјата.

Total
0
Shares
Поврзани објави