Снимките потврдиле дека Усеини го тепал Топаловски со пиштол

Охридската полиција констатирала дека Нефи Усеини употребил пиштол во нападот против Спире Топаловски, неговиот брат и уште две лица, дознава порталот А1он. Според порталот, ваквото сознание полицијата стекнала откако ги прегладала снимките од видео камерите на хотелот, иако претходно Усеини вршел притисок врз хотелот снимките да бидат избришани.

Исто така, полицијата разговарала и со очевидци кои се затекнале таму кога Топаловски бил нападнат.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Хусеини, по што случајот ќе биде процесуиран од Обвинителството.

Нападот на Топаловски се случи вчера пред еден охридски хотел, кога Хусеини заедно со брат му и уште две лица, прво му извадиле пиштол на него и на неговото малолетно дете, за потоа, со оружје да го маваат по глава.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал Нефи Усеини, кој во април лани спречил инспектор да изврши увид на дивоизградената тараса кој чинарот, а притиа и му се заканувал. После два месеца обвинителството отвори предмет, кога Усеини натапа советник на општина Охрид среде седница.

Усеини куртули за физичкиот напад врз професорот Илјаз Илјази затоа што Обвинителството тврдеше дека не добило пријава од полиција.

Повеќе од една година, предметите притив Усеини во охридското обивнителство тапкаат во место. Тие се правдат дека поради корона кризата работеле само на итни случаи, додека редовните предмети ќе се разгледат во наредниот период кога ќе се нормализира состојбата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави