Со хепатит Ц заразени 6 пациенти кои претходно лежеле на оделението за ортопедија во Штип

Хепатит Ц откриен е кај шест поранешни пациенти на штипската ортопедија. Првите два случаи се пријавени на крајот од јули. Од Клиничката болница ја потврдуваат информацијата, но тврдат дека нема сигурен доказ дека пациентите вирусот го добиле за време на нивниот престој во болницата, пишува Zdravstvo.mk. Според раководството на болницата и претседаталеката на Комисијата за интерболнички инфекции, се работи за хетерогена повозрасна група на пациенти кои биле хоспитализирани поради различни причини и добиле различни болнички третмани.

Од болницата тврдат дека веќе ги презеле сите мерки за стерилизација и дезинфекција, а вирусот не е изолиран ниту кај медицинскиот персонал. Од Клиничката болница велат дека по 1-ви септември сите пациенти кои ќе бидат хоспитализирани ќе мора претходно да направат и тестови за хепатит Ц.

извор: Zdravstvo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…
Повеќе

Видео: Затни ја муцката погана

Тензиите во Собрание денеска продолжуваат и со женска пратеничка кавга. Навреди и погрдни зборови разменија две пратенички Жаклина…