Со корона вирус заразени 23 пациенти и вработени

Уште 11 пациенти во хосписот Сју Рајдер во Битола се позитивни на КОВИД-19, со што бројот на заболени во оваа геријстриска установа се искачи на 23, од вкупно земени  31 брис.  

Во текот на денешниот ден, земени се 20 брисеви, 7 од персонал и 13 од пациенти, материјалите сеуште се обработуваат, а во текот на следниве денови, ќе се тестираат останатите пациенти и персоналот од организацијата, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола.

Според информациите од одговорните лица во Хоспис Сју Рајдер Битола, сите пациенти во моментов се со лесна клиничка слика.   Се претпоставува дека вирусот влегол во хосписот од некој од вработените, затоа што од почетокот на пандемијата во оваа геријатриска  установа, забранет е влез за невработени, а забранети се посети и за членовите од  семејства на штитениците кои се вкупно 61, поголем дел неподвижни.

извор: апла.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави