Со нож убиен малолетник во Ново Лисиче во Скопје

Н.Х. (17) рано утрово починал по физичката пресметка на неколку лица. А.Т. (18) по вербалната расправија извадил нож.

Тепачката се случила половина час по полноќ на улицата „Февруарски поход“, Вербалната расправија меѓу А.Т. (18) и К.Д. (17), од една страна со други лица завршила со физичка пресметка во која бил изваден и нож.

А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17) кој со возило на Брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал.

 А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

Фотографијата е сопственост на Nezavisen.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави