Со спреј за спиење ограбени четири македонски семејства во Грција

Во Грција во вила во која биле сместени македонски семејства била извршена кражба на познат стар начин со спреј за спиење.
Неа Врасна Вила Ангелика. Си спиевме ноќеска во соба сабајле станувако сите пари од новчани ги нема друго се на место. Пријавивме на газдарицата превртува очи као не е изненадена и уште не обвинува дека сме ги изгубиле на плажа. После саат време доаѓаат уште 5 соби пријавуваат дека се ограбени. Сите исто кога си легнале со заклучени врати, пишуваат дел од жртвите на кражбата. Интересно е што крадците зеле само пари иако имало и златен накит.
Овој начин на крадење е познат во грција од поодамна. И полицијата знае но никој ништо не може да стори. Вештите крадци кога ќе заспијат гостите под вратата им прскаат посебен спреј кој ги доведува во длабок сон и ништо ни слушаат ни чувтсвуваат. Тие слободно оперираат и крадат само пари.

Total
0
Shares
Поврзани објави