Со висока температура министерот Спасовски примен на Инфективна

Министерот Оливер Спасовски доцна синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба е стабилна, но тој неколку дена ќе остане под надзор на докторите. 

Спасовски е хоспитализиран од вчера. Неговата здравствена состојба е стабилна, има зголемена телесна температура, меѓутоа нема некоја значајна компликација на здравствената состојба, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

По позитивниот тест на пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска засега нема информации дали некој од народните избраници ќе одат во изолација, откако Петровска со симптоми на вирусот присиствуваше на вчерашната собраниска седница.

Власта и опозицијата денеска се со единствен став дека во законодавниот дом строго се почитуваат пропишаните протоколи, но доколу здравствените власти утврдат потреба тие ќе се тестираат. 

Total
0
Shares
Поврзани објави