Собранието во вторник ќе одлучува дали Груевски е достоен за пратеник

Во вторник, на 6 ноември е закажана седницата за разгледување на предлогот за одземање мандат на пратеникот Никола Груевски, објави Собранието на Македонија на својата веб-страница.

Седницата е закажана откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Членовите на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања  треба да одлучат дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник. Конечната одлука треба да ја донесат пратениците на собраниска седница со двотретинско мнозинство.

Поранешниот премиер Никола Груевски е осuden на две години затвор  во случајот „Тенк“ за влјание при набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

 

фото : G. Licovski

Total
0
Shares
Поврзани објави