СОНК предупредува вирусот е како атомска бомба за училиштето

Група родители бараат од Министерството за образование самите да одлучат дали нивните деца целосно да посетуваат настава онлајн, или да одат на училиште или пак тоа да се одвива комбинирано.
„Во нашата група 70% од родителите се за продолжување на наставата со физичко присуство на децата, а 30% се за online настава која ја сметаат за побезбедна. Но сите ние заедно родители, без разлика колку ни се разликуваат мислењата сме на став дека МОН мора да ги земе во предвид потребите на сите и да обезбеди ПРАВО НА ИЗБОР на родителите и децата за тоа како ќе ја продолжат учебната 2020/2021 година“.

Од друга страна Јоаким Неделков од СОНК вели дека срамно е зошто МОН не ги контактирал нив за изработка на новиот концепт за реализација на образовниот процес. Неделков вели дека е тешко да се одржува дистанца помеѓу учениците за време на одмори. Тој предлага учениците да одмарат скалесто поделени во повеќе групи.
„Симптоматично е носењето на маски по 5 часа на настава, учениците не се знае дали ќе можат да издржат. Симптоматично е безбедноста од аспект на тестирање проверка на ученици со потврда кои што ќе дојдат во училиште на вработени наставници кои што ќе бидат тестирани или не, но сепак ова ништо не значи. Денес можам да бидам негативен за 24 часа да бидам позитивен. Тоа може како атомска бомба да се прошири во целото училиште.“, изјави Неделков.

Заменик министерката за образование Елизабета Наумовска за ТВ21 изјавил дека учениците ќе се вратат во училишните клупи во септември со посебен протокол. Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа. Инаку следната недела, работната група на МОН ќе има средба со Комисијата за заразни болести за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата во услови на пандемија. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави