Советник на министерот Чулев е позитивен на Kовид-19

Мухамет Исмаили, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи е позитивен на ковид-19. Од МВР информираат дека советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.

Исмаили последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6 јуни кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24 мај. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, се вели во информацијата на МВР и се додава дека министерството ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени.

Total
0
Shares
Поврзани објави