Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба

Советот за безбедност донесе заклучок со кој и предлага на владата да прогласи кризна состојба 30 дена на целата територија на земјата.

Претседателот Стево Пендаровски по седницата со Советот за безбедност, рече дека ние веќе имаме кризна состојба на северната и јужната граница поради илегалните преминувања на мигранти.

Тој вели дека Армијата активно и помага и на полицијата и на здравствените институции во лимитиран обем, потпирајќи се законските обврски.

„Но, откако ќе биде прогласена кризна состојба тогаш Законот за одбрана и Законот за управување со кризи посебно даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред се здравствените од страна на армијата“, додава Пендаровски.

Според него, Владата ќе може да управува со ресурсите на органите на државната управа и на јавните претпријатија на општините и Градот Скопје.

„Вклучувајќи и трговските друштва, во овој случај, и приватните здравствени установи. Тука не станува збор за национализација на приватните болници туку за управување со нив во битката против пандемијата на коронавирусот таму кадешто Владата ќе процени дека треба“, вели Пендаровски.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.

Total
0
Shares
Поврзани објави