Спахија: Документите на Инспекторатот за животна средина не изгореа во пожарот

Директорот на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање, Фејзула Спахија тврди дека пожарот што неделава изби во оваа институција не ги уништил документите затоа што е спасен софтверот, туку има направено само материјална штета.

„Ја имаме целата документација. Значи изгореа само канцелариите, компјутерите, софтверот не е оштетен бидејќи беше многу далеку. Целата евиденција е зачувана и ништо не е изгубено. Од утре ни е потребен простор и да почнеме таму каде што оставивме“, тврди за ТВ21, директорот Спахија.

Тој смета дека обвинувањата на опозицијата за намерено подметнување на пожар за да се уништат траги од злоупотреба на извештаите од проекти на ЕУ, се неосновани.

„Тоа што тие го велат  е погрешно, ние немаме работа со проекти од ЕУ. Опозицијата може да зборува што сака, но тука нема ништо“, додава Спахија.

Од Министерството за животна средина известија дека  во пожарот што избувна вчера во 7 часот утрото,  уништени се три канцеларии на Инспекторатот и канцеларијата на Одделот за комуникација при министерството. Оштетени се и канцелариите на МИА. 

Пожарот во Инспектратот е втор случај во текот на две години што изби во државна институција. Пред две години пожарот го уништи четвртиот пат на Министерството за правда. Но и по две години се уште не се познати причините. Во ОЈО уште нема одговор да каде е со истрагата. Причините не се познати ниту за вчерашниот случај иако почетните информации велат дека причината е електричната инсталација.

Total
0
Shares
Поврзани објави