Србија ги отвори границите, се чека на Македонија

Без никакви ограничувања, тестови за коронавирус или самоизолација, од 22 мај се отворени границите на Србија за македонските државјани.

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека сега се чека на Македонија.

Да бидеме потполно јасни и прецизни. Нашите граници се отворени, граѓаните на Северна Македонија можат слободно да поминуваат без тестови и мерки за изолација. Што се однесува за границите на Северна Македонија, нивен план беше од 15 јуни, но дали ќе се случи тоа или не, сега зависи од нивните анализи поврзани за епидемиолошката состојба, но секако со цел до крајот на јуни, како што разбрав, тоа да се оствари.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека оваа недела се очекува да биде донесена одлука во врска со отворањето на македонската граница.

На состанокот кажав дека имаме среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу нашите два народи, меѓу српскиот народ и македонскиот народ е толку цврсто што повремените најдобри напори на политиката не успеваат да му направат никаква штета на тоа пријателство, рече Димитров.

Министерот Дачиќ најави дека во петок во Грција со шефот на дипломатијата Дендиас ќе разговара и за организирање на трилатерален состанок меѓу Грција, Северна Македонија и Србија на острвот Крф, на ниво на шефови на дипломатии.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави