Србија подигнува жичана ограда на границата со Северна Македонија

Србија почнува да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија, во близина на Прешево, која треба да го спречи напливот на нелегални мигранти, потврдиле за Слободна Европа, локалните власти во Прешево.

Градоначалникот на Прешево, Шќиприм Арифи, изјавил дека подигнувањето на оградата е во договор со Европската унија.

„Мислам дека жичаната ограна е во функциоја на обезбедување на надворешните граници на ЕУ од мигрантите, кои можеби се очекуваат да пристигнуваат во овој дел од „Балканската рута“, рекол Арифи.

Тој смета дека оградата нема да има директно влијание на европските интеграции на Србија, но лично тој е резервиран за ваквиот однос кон мигрантите.

Според последните податоци од Високиот комесаријат за бегалци во Србија, во 18 прифатни центри престојуваат околу пет илјади мигранти. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

„Слободен печат“ открива: Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози

Слободен печат открива: Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите.…