Србија прогласи вонредна состојба, подели пари на пензионерите, побара помош од Кина, ја извади војската да ги чува болниците …

Претседателот на Србија Александара Вучиќ пред малку соопшти дека во дрѓвата се воведува воредна состојба поради корона вирусот. Во емотивниот говор на сите телевизии во своето обаќање замоли никој да не оди кај постарите , децата да не одат кај бабите и дедовците, да ги спасат своите најблиски. На пензионерите им е ислатена одредена сума пари со кои може да купат намирници за еден месец.

Од утре нема школо , нема теретани , нема кино нема ништо. Се ќе се затвори и дезинфицира, а рестораните ќе работат по принципот на достава до дома.

“Се затвора живот – за да се сочува живот, да се спасат нашите родители. Брашно имаме за 12 месеци, не се плашете , ние ќе помогнеме и на соседите. Има и ориз и зејтин. Денес упатив посебно писмо и побарав помош од единствените кои може да ни помогнат а тоа е Кина. Со оглед дека не можеме да увеземе од ЕУ респиратори бидејќи и тие ги немаат, го замолив нашиот пријател и брат претседателот на Кина гарантирајќи му вековно пријателство, побаравме се од Кина. Побаравме и лекари. Во болниците од утре војската ќе чува. Полицијата ќе врши надзор над изолација, кој ќе прекрши веднаш добива 3 години затвор веднаш. Во моментов имаме двајца на распиратори другите се во добра состојба. “

Ние ке ја покажаме нашата не европска тука српска солидарност и ќе ги чуваме дел од респираторите и за нашите од Република Српска. Предавството не е опција и никогаш нема да биде , ќе се бориме и ќе победиме . Да живее Србија.

Претседателот Вучиќ кажа дека се набавени на полу црн пазар респиратори кои во среда треба да пристигнат, а за неговата постапка ако згрешил повика да го стрелаат, но постапката е направена за да се спасат животи.

Total
0
Shares
Поврзани објави