Србија воведе викенд – рестрикции: Ова е предупредување, следнo е полициски час

Угостителските објекти и трговските центри ќе работат до 14 часот, додека на фризерниците, маркетите, обложувалници, игралишта за деца, спортски сали, фитнес – центрите до 20 часот

Сите угостителски објекти во Србија за време на викендот, без оглед дали имаат градина или не, ќе бидат отворени од 6 до 14 часот, по што е можна само достава.

Оние пак, во ски-центрите и во хотелите ќе може да служат храна и пијалоци за време на викендот, но само на отворено, во градини. Шалтерската услуга во објектите на скијачките терени е дозволена само до 14 часот.

Она што ќе им е оставено како опција на угостителите е да можат да доставуваат храна и пијалоци 24 часа.

Хотелите можат да обезбедат услуга за храна и пијалоци во своите ресторани и кафе – барови, исто така, до 14 часот. Од 14 до 22 часот, оваа услуга е само за ониекои се сместени во хотелот или некое друго категоризирано сместување.

Тоа значи дека оние кои немаат регистриран хотел овој викенд не можат да се добијат услуга во хотелските кафулиња и ресторани по 14 часот.

За време на викендите од 6 до 14 часот ќе работат и трговски центри, обложувалници, игралишта за деца, спортски сали, фитнес – центрите, фудбалски „балони“ и други спортски локации. Спортските објекти кои претходно имале закажано активности ќе може да се користа и по 14 часот, но само за таа цел.

Маркетите, аптеките, бензинските пумпи, медицинските операции, театрите, ветеринарните хирургии и лабораториите ќе работат како порано.

Фризерски и козметички салони и објекти од областа на обезбедување на занаетчиски услуги можат да работат викендов од 6 до 20 часот.

Како причина за овие мерки, здравствените власти го наведуваат порастот на новозаразени, кои се од 3 до речиси 4 000 дневно.

Засега Кризниот птаб не ја разгледувал можноста за полициски час, а мерките за време на викендот се предупредување дека вирусот е се апелира до граѓаните сите да не одат во трговските центри до 14 часот.

Следниот состанок на Кризниот штаб е в понеделник.

мерките кои ќе важат за викендоот веќе беа најавени порано неделава, откако Кризниот шта предупреди дека бројот на ноовозаразени расте, а како жаришта беа посочени ски-центрите, особени кафеаните и кафулињата, како и школите.

Исто така, речиси секојдневно медиумите известуваат за големи инспекциски акции при што се откриваат диви дискотеки со над 700 гости.

Total
0
Shares
Поврзани објави