Српскиот Парламент денеска усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се укинува затворска казна од 30 до 40 години и се воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела.
Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, бремена жена и немоќно лице, што е во согласност со предлог од фондацијата „Тијана Јуриќ”, поддржан од страна на околу 160.000 граѓани.
Казната доживотен затвор е проширена и на сите други кривични дела што се казнуваа со 30 до 40 години.Tие дела се убиства на претставници на највисоките државни органи, сериозни кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, здружување заради вршење кривични дела, геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства против цивили, тероризам …
Предвидено е осудено лице на доживотен затвор да може условно да се ослободи по отслужување 27 години затвор.
Поврзани објави
Голем пожар кај Атина се евакуира население и кампови
Голем пожар избувна крај Атина при што властите наредиле евакуација на околни места. Пожарот во преградието Пеанија источно…
Кривични пријави за журките во Градиште
Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува „Слободен печат“.…
Фуере предупредува, да не се потцени блокадата од Бугарија
Поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере вели дека заканите на Бугарија за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ…
Масовно дупење на гуми на автомобили кај Стара болница
Вандали ноќеска се изживувале врз паркираните автомобили на паркингот зад зградата Пелагонска два, Стара болница. Натрапниците масовно ги…