Средношколците не се откажуваат од комбинираната настава

Од септември да има комбинирана настава во средните училишта а не само онлајн настава како што одлучи пред неколку дена Владата – бара Унијата на учениците на средните училишта.

„Едно нешто е јасно, нашите ставови се во врска со комбинираната настава и ќе продолжиме да го имаме овој став и по денешниот состанок.“, рече Ходаи.

Доколку не бидат прифатени нивните барања, учениците на средните училишта ќе избираат дали ќе ја бојкотираат наставата или ќе протестираат со цел да го изразат нивниот револт за одлуката на надлежните за онлајн настава. Во врска со ова ќе се одлучува утре на генералниот состанок со 17 градови и 51 претставник на Унијата.

„Протестот ние не го најавивме како уцена туку како метода која не може да се избегне. Така да нивниот предлог и на министерот Филипче беше да не се загрозува здравјето на учениците и граѓаните, но многу е контрадикторна нивната одлука за онлајн настава поради тоа што јас откако ќе завршам со онлајн настава, можам да одам на кафе бар и ефектот е ист.“, вели Ходаи.

На средбата, Министерот за здравство ги советувал да не забрзаат со носењето одлуки и дека треба да се анализира како ќе биде епидемиолошката ситуација во идниот период. Затоа Филипче ги поканил да се сретнат со претставници на Комисијата за заразни болести.

„Ќе имаме средба со Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести поради тоа што треба да го видиме и епидемиолошкиот аспект пред да излеземе со изјава. Но исто така, нашиот став се уште е непроменет – бараме комбинирана настава бидејќи тоа го бараат учениците и ние сме нивни претставници.“, вели Ходаи.

На денешниот состанок во Влада присуствуваа министерот за образование во заминување, Арбр Адеми, идната министерка за образование, Мила Царовска, Министерот за здравство, Венко Филипче и техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Од Влада велат дека властите и претставниците на учениците на средните училишта ќе соработуваат за подобрување и подобро спроведување на моделот според кој наставата во основните и средните училишта ќе се организира во услови на КОВИД-19. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се затвораат сите Ковид центри на интерните клиники во Скопје: Болни од ковид ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Инфективната Клиника

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти…