Средношколските екскурзии низ Европа засега не се откажуваат

Ја следиме ситуацијата со коронавирусот во Италија и ќе ги почитуваме препораките од Министерството за здравство и Министерството за образование. Планираните средношколски екскурзии низ Европа засега не се откажуваат, изјави за „Република“ директорот на средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, Драган Арсовски.

Средношколците кои се во трета година во април треба да заминат на планиранта екскурзија во Прага, Будимпешта и Виена.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира до македонските државјани да не патуваат надвор од земјава ако немаат потреба. Тој додаде дека за 17 часот е закажан состанок со Центарот за управување со кризи со повеќе министри и дека дополнително ќе информираат и ќе дадат препораки до Министерството за образование дали да се откажат екскурзиите надвор од државата.

Од саботата во Италија во 11 помали градови владее карантин, а коронавирусот веќе ја зема петтата жртва.

Екскурзијата на која треба да заминат нашите ученици е во Прага, Будимпешта и Виена. Хотелите се веќе резервирани, парите се уплатени. Сами не можеме да ја откажеме. Ја следиме ситуацијата. Досега никој од пријавените ученици го нема откажано патувањето, вели Арсовски.

Министерството за здравство соопшти дека се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од коронавирусот.

Од туристичките агенции кои имаат аранжмани за Осми март, велат дека сите предвидени екскурзии по повод Денот на жената во поголемите градови во Италија како Рим и Милано ќе се реализираат.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Чичко Војо е дома

На социјалните мрежи синоќа се ширеше повик за помош во потрага по исчезнат постар човек кој боледува од…