Српската полиција пронашла морначива снимки – Бандата на Беливук се снимала како касапи луѓе

Пробиена заштитената апликација „Скај“, на полицијата пронашла морничави снимки и фотографии на кои се гледа како членовите на кланот на Вељко Беливук се изживуваат со своите жртви и дури како им ги сечат главите, објавуваат српските медиуми.

На монструозните видеа и слики, се гледа како криминалците ги колат жртвите и им ги распарчуваат телата. Во материјалите на апликацијата што ја користеле насилниците за комуникација, а до кои дошле инспекторите, дури се гледало и како бездушните џелати играат фудбал со главите на своите жртви, велат од полицијата.

Криминалната група на Беливук, која беше разбиена на почетокот на февруари, според полицијата изминатите години го презела приматот во белградското и српското подземје, а високи политички фигури од Србија изјавија дека групата била посилна и поорганизирана и од озлогласениот „Земунски клан“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека најдоцна до четврток ќе бидат објавени најнови, морничави откритија од истрагата против криминалната група на Вељко Беливук.

фото: Mondo

Total
0
Shares
Поврзани објави