ССМ бара брза истрага за фирмите што присвоија државна помош

Сојузот на синдикати на Македонија ќе бара итна средба со Обвинителството за да не се заборави истрагата против фирмите што добија државна помош, а не дале плати на вработените.

Слободан Трендафилов  од ССМ вели дека државните институции мораа да водат сметка за парите што ги дале на работодавачите за исплата на плата на вработените.

„Тие ги злоупотребија и не ги исплатија на работниците и по втор пат не ја исплатија платата, а со тоа не исплатија придонеси за задолжително социјално осигурување и не се вратија повторно назад пари во буџетот.“ изјавил за Алсат-М, Трендафилов.

На почеток имаше над 600 форми што не исплатиле плати од државната помош на вработените, но по објавите во медиумите поголем дел од фирмите дале плата на вработените и куртулија од кривична пријава.

Total
0
Shares
Поврзани објави