Стара „Систина“ ќе прерасне во нов ковид центар на трошок на државата

Министерот за здравство и сопствениците на приватните болници постигнаа договор.

Старата болница „Систина“ станува нов ковид центар, а трите здравствени установи, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“ со опрема, медицински кадар и логистика му се ставаат на располагање на Министерството за здравство за лечење на болни од Ковид-19 во овој објект.

“Стариот објект Систина ќе биде претворен во комплетно нова инфективна болница, опериран од приватните болници, под контрола на Министерството за здравство “, изјави по средбата, Орце Камчев, сопственик на Систина.

И сопственикот на болницата „Жан Митрев“ го поддржа постигнатиот договор.

„Министерот и министерството треба да го водат сето ова. Ние сме тука да помогнеме и во опрема и со кадар и логистика“, рече Жан Митрев.

Дилемата актуелна деновиве, кој ќе се лекува во оваа установа и кој ќе ги сноси трошоците ја разреши министерот Филипче.

„Таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали за работа и ќе има соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата“, изјави Филипче.

Договорот следи по прогласувањето на кризната состојба и овластувањето на Владата, освен со државните да располага и го приватните капацитети, 30 дена со цел справување со последиците од епидемијата од Ковид-19.

Total
0
Shares
Поврзани објави