Стефани Симонова светски шамион во BRAINOBRAIN – вештини

Стефани Симонова од Крива Паланка е дел од тимот што ја изучува програмата за интелектуални вештини и способности BRAINOBRAIN. На 9-ти Јануари, во новата 2021 година, се оддржа 6-тиот Меѓународен натпревар во BRAINOBRAIN – вештини, организиран во Дубаи, со 25.000 учесници од 45 земји во светот, на кој единаесетгодишната Стефани се закити со врвното 1-во Шампионско место според нејзината возраст и ниво. Таа е првиот Светски Шампион во BRAINOBRAIN од градот Крива Паланка.

viber_image_2021-03-16_21-52-27

BRAINOBRAIN е една од најдобрите програми во светот посветена на целокупниот развој на личноста. Со изучување на оваа програма се дозволува истовремено користење на левата и десната страна на мозокот, при што со користење на Абакус менталната аритметика се доаѓа до здобивање на повисоки интелентуални и ментални вештини и способности. Целта на изучувањето на оваа програма е зголемување на: концентрација, решителност, меморија, визуелизација, математички вештини, брзина и точност, дисциплина и трпение, креативност, лидерство, како и зголемен капацитет за учење и поголема самодоверба.

viber_image_2021-03-16_21-51-53


Оваа програма, пред околу шест години за прв пат беше воведена во училиштето BRAINOBRAIN – Крива Паланка во склоп на Едукативниот центар ,,СИГМА“, каде што под менторство на професорката Сашка Ѓоргиевска-Пешовска, Стефани беше дел од првите генерации во Крива Паланка кои целосно ја завршија оваа програма.
Изучувајќи ја BRAINOBRAIN програмата, Стефани се здоби со многу награди и успеси, учествуваше на повеќе државни натпревари и се здоби со поголеми искуства и знаења.

viber_image_2021-03-16_21-55-48


Покрај оваа програма, Стефани се докажа и во повеќе области, како што се спортот, музиката и изучувањето на странски јазици. Исто така, таа зема учество во повеќе Erasmus+ проекти, од кои новозапочнатиот Mеѓународен Еrasmus+ проект ,,Little responsible citizens are reshaping their future“ ќе го носи нејзиното лого кое е победничко во неколкуте земји натпреварувачки.

Стефани е редок пример за талент во повеќе области. Таа е горда на своите успеси и награди и со секој нејзин успех таа добива поголема мотивација за понатамошните нејзини достигнувања.

Total
0
Shares
Поврзани објави