Стојанов најавува карантин ако ескалира состојбата со пандемијата

Директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот д-р Александар Стојанов вели дека рестриктивните мерки воведени на почетокот на епидемијата во март, можно е пак да бидат вратени поради високиот број на новозаразени лица последните денови.

– Можни се пак карантини и полициски часови. Ако ова продолжи вака, едноставно нема друго решение. Може и повторно да се затвораат градови ако има многу заболени, како што беше случајот со Дебар. Не знам кога би се вовеле вакви рестриктивни мерки, тоа ќе зависи од епидемиолошката слика. Проблем е што немаме доволно кревети за лекување и затоа ќе бидат потребни мерки – вели д-р Стојанов за Мета.мк.

Тој смета дека распустот на учениците може да започне во ноември и да трае до март идната година, а не се исклучува и опцијата целосно да се затворат училиштата, градинките, угостителските објекти и сите други објекти во кои има собирања.

Според него, влошување на состојбата со пандемијата не се случува само кај нас, туку и во други земји.

– Секаде се воведуваат мерки, некаде има пак карантини. Во Португалија, која живее од туризам, ги затворија кафеаните. Во Белгија исто така има поостри мерки – додава директорот.

Комисијата за заразни болести ќе се состане, а предлозите ќе ги достават до Владата која ќе се произнесе.

Од почетокот на епидемијата, за прв пат вчера имавме највисок број новозаразени пациенти во текот на едно деноноќие – 445.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави