Сторија на ТВ24: Мајка и син живеат во ужас

Телевизија 24 објави стотна животна голгота на мајка и син кои живеат во Велес.

Мајката и синот живеат со 11 илјади денари, кои ги добиваат од државата како нега и надомест за намалена мобилност. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет. Вистинско чудо е што досега сум жива, вели, едвај изговарајќи ги зборовите од уста.

Јордан својот живот го посветил на грижа за својата болна мајка. Неизмерно ја сака и не сака да помисли да се раздели од неа. Ниту е оженет, ниту пак во последните 15 години, по мозочниот удар на мајка си, знае што е забава. Поради обрските кон неа, не може ниту да работи.Од дома излегува еднаш месечно. Да плати комуналии и од тоа што ќе остане од парите, да купи нешто за јадење. Никогаш не задоцнил со плаќање на сметките за струја и вода. Но, никогаш и не се пријавил во социјалните институции, за да добие социјална помош. Низ солзи раскажува дека итно му е потребна помош за огрев, оти дрва веќе нема. Сметката му е блокирана, откако пред повеќе години некој го насамарил да му биде жирант за кредит, кој никогаш не бил платен……

сторијата и видеото се сопственост на Телевизија 24 – донации за семејството може да се организираат дирекно во нивниот дом а сите информации на 074 600 659 Јордан Јованов

Total
0
Shares
Поврзани објави