Студентка стана пратеник

На псоледните парламентарни избори пратенички мандат издејствува и една студентка. Се вика Артина Ќазими и беше кандидирана во шестата изборна единициа од коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Има 23 години и живее во гостиварското село Добри Дол. Во изјава за ТВ 21, вели дека за разлика од нејзините врснички, кои сакале мода, спорт или музика, таа повеќе се интересирала за вести и политика.

Нејзина цел во парламентот ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.

„Јас иако сум млада, имам 23 години, моја најголема грижа е тоа што младите од нашата земја, повеќето дипломирани, заминуваат во западните земји. Јас со моите способности и помош од институциите ќе се обидам да го запрам иселувањето и секој млад човек да се вработи во татковината и на соодветно место“, вели Ќазими.

Total
0
Shares
Поврзани објави