Судењето за обвинетите за организирање на настаните на крвавиот четврток се одложи

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почна и прекина судскиот процес за обвинетите за организирање на настаните во Собранието на 27-ми април 2017-та година. Судењето се одложи бидејќи од одбраната изјавија дека не ги виделе доказите.

Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование и наука Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие, според обвинението, се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Total
0
Shares
Поврзани објави