Судскиот совет ќе избира судии во Врховен и Управен суд. Исходот на избор според извори на dosie.mk ќе биде Цветанка Периќ која ќе замине во Врховен суд и Елизабета Васовска , која ќе оди во Управен суд.
Изборот на судијките е скоро 100 проценти сигурен. За изборот на судиите знаат и повисоки структури во власта и тоа преку албанскиот блок во Судскиот совет и повисоката власт.
Судијката Периќ беше во совет на Апелациониот суд за случајот Тенк, за кој поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор и веќе има упатен акт. Во оваа фаза на постапката тој јавно реагираше и бараше изземање токму на судијката Периќ изнесувајчи сознанија дека е под жесток притисок да ја потврди пресудата за тој да оди во затвор. Таа одговори дека немала притисоци и нејзиното изземање не беше прифатено.
Како причина за барањето за изземање, адвокатот Стерјо Зиков ја наведе постапката во Судскиот совет која се води против Периќ.
„Познато е дека против Периќ се води постапка во Судскиот совет за пресуда според нас спротивна на законот. Оваа постапка може да влијае врз одлуката на претседателката на советот и затоа бараме нејзино изземање“, рече Зиков пред да биде одбиен предлогот.
Судијката Периќ е и дел од судиите кои определија притвор за Горан Грујевски кој во моментов е во Грција , а Македонија се обидува да добие негова екстрадиција.
Судијата Периќ е и судијата која одби жалба на СЈО за барање притвор за Сашо Мијалков. Таа и советот во Апелација потврдија дека нема потреба од притвор туку само задржување на пасошот како мерка дека обвинетиот ќе се појавува на судски рочишта.
Вториот кандидат е долгогодишен стручен соработник во Судскиот совет и до сега многу пати конкурирала за избор на судија.
Поврзани објави
Алачка ќе го изгуби презимето ако треба и на суд, било бренд на екс сопругот
После седум години од разводот некогашниот брачен пар Алачки повторно во центарот на интересот на јавноста. Тие можеби…
50 илјади евра отштета за затвореник, изгубил бубрег и слезина ,го претепал затворски чувар
Затворениот кој пред четири години во затворот Идризово беше крвнички претепан од надзорник односно затворски чувар , деновиве…
Напаѓачот на Пендиков се разболе и не се појави на судење,тој пак се чувствува загрозен
Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот, кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата…
Рускоска: Има предмет за Ден Дончев
Случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување стана предмет за работа и на Обвинителството за организиран…