Судот го одби Груевски да одложи затворска казна

Судијата за извршување санкции не му го прифатил барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна.

Сега Груевски има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да одлучат. Доколку и тие ја отфрлат неговата жалба, Груевски на 8 ноември ќе мора да влезе во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.

Врховниот суд е следна инстанца каде што Груевски може да се обрати за спас од затворот, но според временските рокови и процедури тоа не е возможно да се случи пред 8 ноември.

Во жалбата до Врховен се наведени повеќе причини за одлагање и тоа нелегалност на бомбите, застареност на предметот , неговата работна активност во Парламентот и друго.

Во меѓувреме се очекува дали комисијата за мандатно имунитетни прашања би му го одзела мандатот на Груевски како недостон за извршување на пратеничката функција.

Груевски на правосилна затворска казна од две години беше осуден во предметот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Рекет се суди незаконски?

Бранителот на првообвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски рече дека моменгалниот состав на судечкиот совет во “Рекет” е незаконски.…