Судот во Стразбур пресуди во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на Љубе Бошковски во случајот „Капмања“, која се базира врз фактите за неправедност при водење на судската постапка и неоправдано исклучување на јавноста од целиот процес како и прекршување на Законот при
сослушување на заштитетниот сведок.

Судот ја задолжи државата да му исплати на Љубе Бошкоски парична отштета, но и исплата на затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката односно пресудата.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски вели дека одлуката е голема победа и предупредување ниедна друга власт во иднина, посебно не извршната така брутално да се меша во судската власт.

Бошковски вети дека сите средства што ќе ги добие како отштета за неправедната робија во
Идризoво ќе ги даде во цели поврзани со правдата.

„Очекувам оваа пресуда од Стразбур да ги иницира надлежните македонски тела кои според договорот со Стразбур мора да спроведат постапка во Македонија каде ќе бидат вклучени највисоките претставници на судската власт кои треба да му дадат одговор на Стразбур што е следниот чекор во однос на оваа пресуда“, вели Бошковски.

Тој очекува за овој монтиран судски процес да се иницира соодветна постапка, во која ќе се донесе ослободителна пресуда.

„Оваа пресуда на Судот за човекови права дефинитивно потврдува дека постоеше режим раководен од Никола Груевски кој ги жигосуваше политичките неистимисленици, во еден разработен систем во кој беа вклучени и учествуваа сите сегменти од општеството“, тврди Бошковски.

Според него, личувањето на противниците почнуваше со медиумски напади и црна кампања, за да се создаде основа и оправданост кај јавноста за подоцнежната политичка и монтирана
пресуда.

„Јас ја иницирав оваа постапка во Стразбур со цел да се дојде до вистината, да се тргнат сите невистини од моето име, сите лаги кои беа изнакажани, а немав можност од затвор никогаш да реагирам и да ја кажам вистината“, вели Бошковски.

Тој смета дека годините во затвор од една деценија  никаква пресуда не може да му ги врати, ниту годините, ниту моментите без неговото семејство.

„Тоа никакви пари веќе не можат да го надополнат. Hо, мојата жртва нека биде само моја, во мене нема никаков порив за реваншизам и освета, но имам желба ова да не се повторува„, вели Бошковски и додава дека сака да биде пример како не треба да функционира една правна држава. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави