Свадба со 300 гости во Струмица, кривични за домаќините

Полициски службеници од СВР Струмица вчера извршиле контрола во селото Банско, струмичко, при што било констатирано дека 57-годишниот Д.И.(57) и 54-годишната А.И. организирале свадбена веселба на нивниот 26-годишен син Е.И..

Како што информира Министерството за внатрешни работи на свадбата присуствувале околу 300 гости.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Total
0
Shares
Поврзани објави